| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на британскиот двор – кралицата Елизабета нема да дојде на венчавката на Хари?

Веќе со денови во светските медиуми тема број еден е венчавката на принцот Хари и неговата свршеничка Меган. Тие во понеделникот објавија дека се свршиле, па за најубавиот ден во нивниот живот  се уште се зборува.

Сепак преубавата церемонија можеби би можела да ја поремети одлуката на неговата баба, кралицата Елизабета. Со оглед на тоа дека Елизабета е поглавар на Англиската црква која пропагира брак за цел живот, таа и замерила на идната снаа.

Меган имала брак и пред Хари и се развела 2013 година, а кралицата е некој кој не поддржува разводи. Токму поради таа причина веројатно нема да биде дел од церемонијата за која зборува целиот свет.

Поради тоа Елизабета соевремено ја пропушти и венчавката на својот син, пронцот Чарлс и Камила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top