| четврток, 6 декември 2018 |

Поради проблем со УВ ламбите, на кратко беше прекинато гласањето во Теарце

Проблем со УВ ламбите го прекина гласањето на избирачкото место 2011 во селото Теарце во 9 часот утрово, каде по одлука на Државната изборна комисија се врши прегласување во рамки на предвремените парламентарни избори. Прекинот траеше петнаесетина минути. Според избирачкиот одбор гласањето започна навремено.
Гласањето до прекинот се одвиваше мирно, под зголемено полициско присуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top