Жена од Италија го оставила целиот свој имот во вредност од 2,5 милиони евра на своето куче. Одлуката на 84 – годишната жена која живее со својата ќерка и неколкуте внуци ја објаснил нејзиниот адвокат. Според нејзиниот тестамент, песот наследува два стана, неколку имоти, и повеќе банкарски сметки. Според адвокатот, госпоѓата својата одлука ја донела брзо по смртта на нејзиниот маж.
Според италијанскиот закон, оставените имоти и недвижнини на милениците немаат правна основа. Лицата кои сакаат тоа да го направат треба да одредат извршител на својот тестамент кој може да биде приватно лице или организација. Извршителот пак е должен на миленичето да му осигура квалитетен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.