| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе готви Меркел за Божик?

Германската канцеларка Ангела Меркел во петок по одржана прес-конференција заминала во супермаркет да купи намирници кои и се потребни за празнична трпеза.

Таа купила компири, сирење, путер, бибер и бонбониера.

Весникот „Билд“ пишува дека оваа година на трпеза кај Меркел нема да има ни мисирка, ни шаран, ниту пак вино. Скромното пазарување ја чинело Меркел 100 евра.

– Нема ништо посебно свечено, вообичаено пазарување на канцеларката – рекол продавачот.

Весникот пишува дека Меркел овој маркет го посетила 30 пати годинава.

Претходните години таа со сопругот заминувала за Божик во Швајцарија, но оваа година поради нападите во Берлин останува во својата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top