Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ може да стане играч тренер во тимот на “црвените ѓаволи”, пишуваат британските медиуми.
Раководството на англискиот гигант сака Швеѓанецот да остане во клубот и по крајот на сезоната, кога неговиот договор ќе истече. За целта Мурињо има оставено место за Ибрахимовиќ во тренерскиот штаб и така Швеѓанецот може да остане на “Олд Трафорд” минимум уште една сезона.
Интерес кон него не недостасува и кај кинески клубови кои му нудат неверојатни пари, но Ибра преферира да игра уште на највисоко ниво во Премиер лигата. 35-годишниот скандинавец реализира 11 погодоци досега, со што се јавува како голгетер на Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.