Германската канцеларка Ангела Меркел порача денеска, по повод убиството на главниот осомничен за нападот на божикниот базар во Берлин, дека е отстранета акутна опасност, но не и опасност од тероризмот, со кој Германија се соочува со години.
Таа, на прес-конференцијата истакна дека демократијата, правната држава, вредностите и човештвото на Германија претставуваат противтеза на тероризмот и омразата, со верување дека тие ќе бидат посилни од тероризмот.
Меркел на граѓаните им укажа дека нејзиниот и приоритетот на Владата е заштита на жителите и дека во времето на големи предизвици прават се Германија да биде силна држава.
Германската канцеларка наведе дека нејзиниот италијански колега Паоло Џентилиони ја известил за акцијата на полицијата во Италија во која е убиен Анис Амир, по кого трагаше германската полиција поради терористичкиот напад на божикниот базар во Берлин.
– Многу сме и благодарни на италијанската полиција за најтесната соработка во овој случај, нагласи Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.