| четврток, 6 декември 2018 |

„Купот на кралот“ носи две дерби средби уште во осминафиналето

kup-na-kralot

По завршувањето на реванш дуелите од „Купот на кралот“ во Шпанија утринава веќе беше извршена ждрепката за осминафиналите дуели.

Овој дел од најмасовното натпреварување во Шпанија носи две големи дерби средби. Бранителот на титулата екипата на Барселона доби незгоден противник со кој многу често се среќава во ова натпреварување, а тоа е баскиската екипа Атлетик Билбао. Сепак се чини дека Реал Мадрид потешко помина во оваа ждрепка бидејќи ја доби незгодната екипа на Севилја со која треба да одигра дури три средби за 10 дена во јануари, вклучувајќи го мечот од редовното коло во Примера дивизија.

Атлетико Мадрид ќе гостува кај изненадувањето од оваа сезона, Лас Палмас, а суперинтересен треба да биде дуелот меѓу Вилјареал и Реал Сосиедад.

Парови во осминафиналето на Купот на Шпанија:

Лас Палмас – Атлетико Мадрид

Алкоркон – Кордоба

Атлетик Билбао – Барселона

Реал Мадрид – Севилја

Реал Сосиедад – Вилјареал

Депортиво Ла Коруња – Алавес

Валенсија – Селта

Осасуна – Еибар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top