Новогодишна ноќ помина, а сега кога си дојдовте при себе, би било добро да направите генерално чистење и да ги светнете куќата или станот. Ви нудиме неколку практични совети за постпразнично чистење.
- Чистете во насока на стрелките на часовникот – Почнете од шпоретот и движете се во насока на стрелките на часовникот во кујната.
- Чистете од горе надолу – Избришете го прво аспираторот над шпоретот пред да ги избришете ринглите. Потоа избришете ја работната маса, а на крајот подот.
- Прво суво, а потоа влажно чистење – Соберете ги трошките и правта со сува крпа или рачна правосмукалка, а потоа површината пребришете ја со влажна крпа. Истото сторете го и со подот – прво со метла или правосмукалка, а потоа со џогер.
- Намалете го движењето – Тоа значи да развиете начин на чистење кој ќе ви ги скрати чекорите и ќе ви го намали одењето натаму – наваму. На пример, ако морате да преместите повеќе работи од една просторија во друга, ставете ги во кош или во корпа или кутија и преместете ги одеднаш. Така ќе го скратите движењето и ќе си олесните ако треба да ги вратите работите.
- Средствата за чистење нека ја завршат валканата работа – Нанесете средства за чистење на повалканите површини и оставете ги да делуваат пред да ја пребришете површината со крпа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.