| четврток, 6 декември 2018 |

Во КИЦ: Промоција на компакт-диск на обоистот Васил Атанасов

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовиран компакт-диск на обоистот Васил Атанасов, насловен „Fantastic pieces“.

Новото ЦД е по повод 40-годишната кариера на музичарот, која  годинава тој ја одбележа со повеќе концерти во Македонија и во странство.

По повод јубилејот во април имаше и гала-концерт „Васил и пријатели“  во Македонската опера и балет, а ја доби и наградата „Златна лира“ за  животно дело од  Сојузот на музички уметници на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top