Иако се чинеше дека победата против Џенова, ќе биде нов почеток за Палермо, сепак тимот од Сицилија не успеа да ја запише втората последователна победа, откако вечерва на домашен терен ремизираше со Пескара (1-1). Од првата сериозна прилика, тимот од Сицилија дојде до водство, благодарение на погодокот на Кваисон, во 33-таминута од натпреварот.
Илија Несторовски го одигра целиот натпревар, додека пак Александар Трајковски влезе во игра во 83-та минута. И во оние моменти кога сите го очекуваа последниот свиреж на главниот арбитар, беше досуден пенал за Пескара, а сигурен реализатор беше Бираги.
Џенова, каде настапува нашиот репрезентативец Горан Пандев, го доживеа вториот пораз во исто толку напревари, овојпат од Торино (1-0). Единствениот погодок за „биковите“ го постигна Белоти во 49-та минута. Пандев влезе во 74-та минута, но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.