Maсовно труење се случило во неколку руски градови од кое починале околу 50 лица поради конзумирање на концентрат за бањање „Глог“. Средството содржи висок процент на метил алкохол или метанол, а може да се купи по многу ниска цена, за околу 40 рубљи (нешто помалку од половина евро).
Властите воведоа вонредна состојба во критичните области и забранија продажба на сите непрехрамбени производи кои содржат алкохол.
Полицијата истовремено откри две илегални мини фабрика за производство на алкохол и уапси седум лица за кои се сомнева дека учестувале во производство и продажба на концентрати за бањање.
Поради ниските примања, многу Руси, посебно во руралните средини, не можат да си дозволат алкохолни пијалоци и затоа конзумираат разни средства кои содржат алкохол или слични хемиски супстанции поради што постои опасност од труење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)