| четврток, 6 декември 2018 |

Барале замена за алкохол: Масовно труење од средство за бањање во Русија, починале 50 лица

Maсовно труење се случило во неколку руски градови од кое починале околу 50 лица поради конзумирање на концентрат за бањање „Глог“. Средството содржи висок процент на метил алкохол или метанол, а може да се купи по многу ниска цена, за околу 40 рубљи (нешто помалку од половина евро).

Властите воведоа вонредна состојба во критичните области и забранија продажба на сите непрехрамбени производи кои содржат алкохол.

Полицијата истовремено откри две илегални мини фабрика за производство на алкохол и уапси седум лица за кои се сомнева дека учестувале во производство и продажба на концентрати за бањање.

Поради ниските примања, многу Руси, посебно во руралните средини, не можат да си дозволат алкохолни пијалоци и затоа конзумираат разни средства кои содржат алкохол или слични хемиски супстанции поради што постои опасност од труење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top