| четврток, 6 декември 2018 |

Белгијците што одат на работа со велосипед плаќаат помал данок

tocak

Над 400.000 Белгијци примиле „велосипедски надомест” зашто на работа оделе со точак за што вкупно се исплатени околу 93 милиони евра. Се работи за паричен поттик што го исплатуваат компаниите за доаѓање на работа со велосипед, трошок, потоа им се одбива од данокот. На истиот принцип граѓаните можат од данокот да си го одбијат секој трошок за купување или сервисирање велосипед.

Во Белгија има голем раст на интересот за користење на оваа можност – пред пет години бројот на корисници бил за 30% понизок, односно надомест добиле 314.000 вработени.

Овој еколошки проект се одразува и на физичката кондиција на Белгијците, кои, ако пред пет години, годишно, по човек, поминувале 944 километри на точак, лани овој резултат бил 1.054 километри.

„Велосипедскиот надомест” може да биде прилично висок. На пример, ако вработен живее 15 километри далеку од компанијата; работи 210 дена во годината, и прима максимален надомест од 0,22 евра по километар, ќе добие годишна компензација од 1.386 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top