| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Холандија: Четири деца загинаа кога воз удри во велосипед

Четири деца загинаа, а две лица се потешко повредени денеска кога воз удри во велосипед за повеќе лица на југот на Холандија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во утринските часови на пругата во градот Ос, на 100 километри југоисточно од Амстердам.

Деталите за несреќата засега не се познати, а холандски медиуми наведуваат дека судирот се случил на железнички премин.

Велосипедите за повеќе лица се многу популарни меѓу родителите во Холандија, кои на тој начин ги превезуваат децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top