Вчера во 16.15 часот во Прилеп, на ул. „Александар Македонски“, Ј.М. (57) од Прилеп, управувајќи автомобил „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј.Д. (61) од Прилеп.
Во сообраќајната незгода пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде што во 17.00 часот им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.