Македонската репрезентација како и што се очекуваше, со оглед на тоа што немавме ФИФА активности во месец декември, без промена на ранг листата ја завршува 2016 година.
Македонија следната година ќе ја дочека од 162. место на ФИФА ранг листата, со 142 бода, во друштво на репрезентации како Аруба, Гренада, Мјанмар, Белизе, Малезија… Ова е најслабиот ранкинг на националниот тим во нашата независност, откако стартуваше со натпревари под капата на ФИФА.
Од квалификациската група за пласман на СП 2018, единствено послаборангирана од нас е селекцијата на Лихтештајн која е на 189. место. Шпанија годината ја заврши на десеттата позиција, Италија е на 16. место, Албанија е на 49. место, а Израел на 55. место.
Во Топ-10 селекциите нема никаква промена во однос на ноемвриското рангирање. Аргентина е на чело пред Бразил и Германија, а потоа следат Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.