Хуан Мартин Дел Потро направи успешен камбек на тениските терени во 2016 година, а со постигнатите резултати успеа да го добие признанието за најдобар спортист во Аргентина за годината која полека завршува.
Дел Потро е спортист на годината пред се поради успешниот настап на Олимпијадата во Рио каде освои сребрен медал, победувајќи ги Ѓоковиќ и Надал на патот кон финалето, како и фактот што и ја донесе првата Дејвис куп титула на тениската репрезентација на Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.