| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Платеничката револуција на Заев му ја донесе пресудата за Теарце

Управниот суд донесе незаконита и противправна одлука која е водена од политички мотиви за изборното место 2011 во Теарце во ИЕ 6. Во одлуката на судот не се наведени правни основи, туку само општа формулација дека имало низа неправилности, без да се наведат кои се тие, како се случиле и тој е одговорен за нив.

На интернет страницата на Управниот суд беше објавена пресудата:

Управниот суд во совет со ставен од судиите: Лулзим Салиу – претседател на советот, Нада Иванова, Едита Насковска, Снежана Трповска и Исмета Амет – членови на советот, со записничар Aна Ѓорѓиевски – виш судски советник, одлучувајќи по тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија – СДСМ – Стевица Јосифовски, против решението на Државната изборна комисија УП 1 бр.10-488 од 18.12.2016 година, на јавна седница одржана на ден 20.12.2016 година, согласно член 150 став 3 од Изборниот законик, донесе:

П Р Е С У Д А
Тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонијана Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија-СДСМ, – Стевица Јосифовски, СЕ УВАЖУВА.

Во корист на тврдењето дека одлуката на Управниот суд е политички мотивирана оди фактот дека еден од тројцата судии кои направија правен преседан и ја донесеоа незаконитата одлука, е политички компромитирана, така што нејзината ќерка е еден од водачите на платеничката Шарена револиција.

%d1%81%d0%b8%d0%b1%d0%b5%d0%bb

Станува збор за судијката Исмета Амет, која заседно со судиите Лулзим Салиу и Снежана Трповска, постапи спротивно од законот и правната пракса и без изведени докази одлучуваше во корист на СДСМ.

zurnal-ismeta-amet

Дваесет и тригодишната Сибел Амет, студентка на Правниот факултет, е ќерката на судијката и една од водачите на платеничкта Шарена револуција, која се судри со законот по дивеењето во главниот град пред 8 месеци.

sibel-23

sibel-vo-stanica

Сибел беше притворена во април годинава и против неа беше покрената прекршочна пријава.

Протестите на шарента револуција беа во организација на СДСМ и Сорос, а имаа цел да ја продолжат кризата во државата, да предизвикаат одложување на изборите и СДСМ да издејствува власт без избори.

sibel-vo-stanica-2

Јавноста сѐ погласно зборува за поврзаноста на СДСМ и Управниот суд и политичката мотивираност на одлуката на овој суд, која има едиствена цел со прегласувањето во Теарце да му одземе еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ во корист на СДСМ, а времето само ги вади на виделина доказите за тоа.

Како потврда на сево ова е и обраќањето на Сибел Амет до „публиката на Фејсбук“, во кое застанува во одбрана на мајка си и „нејзините непристрасни одлуки, донесени во согласност со правото“.
sibel-amet

Освен Сибел, проблеми со законот имал и сопругот на судијката, кој има одлежано затворска казна во Италија за трговија со дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top