Алијансата за Албанците и Движењето Беса ќе поднесат тужби до Управниот суд против одлуката на Државната изборна комисија која вчера ги отфрли сите нивни жалби за вториот круг од локалните избори.
Од двете партии истакнаа дека жалбите се подготвуваат и оти во законскиот рок ќе бидат доставени до судот.
ДИК вчера отфрли 89 жалби на Беса кои се поврзани со изборниот процес во Тетово и Чаир, како и 16 жалби на Алијансата за неправилности во општина Струга. Управниот суд ќе има рок од 48 часа од приемот на претставките да донесе одлука.
(Alsatmk)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.