| четврток, 6 декември 2018 |

Најтажната песна во Југославија – Тито ја забранил бидејќи луѓето се убивале заради неа!

Неверојатна приказна ја следи нумерата „Градите ми се болни“ која во 1950 година ја напишал Драгиша Недановиќ од Крагуевац, кога дознал дека боледува од туберколоза. Многумина сметаат дека ова е најтажната песна било кога снимена, а своевремено ја забранил и лично Тито, бидејќи многу луѓе заболени од туберколоза извршиле самоубиство откако ја чуле.

%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%be

Песната прв ја снимил Заим Имановиќ, а се зборува дека сугестивно влијаела на луѓето, поради што Централниот комитет по инструкција на Тито решил оваа нумера да се забрани. И така било се додека десет години подоцна  на една прослава не ја нарачала Јованка Броз и тогаш за Титовата сопруга, ја отпеала легендарната Нада Мамула.

%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%be2

Иако се излечил од туберколоза, Недановиќ во 1959 година го погодила нова мака и почнале неговите проблеми со срцето. Починал од инфаркт 1966 година, ретко кој се сеќава на него, а оставил богатство од дури 800 песни меѓу кои се наоѓаат и познатите:„На Морава воденица стара“, „Утринава роза ми процевта“ и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top