Неверојатна приказна ја следи нумерата „Градите ми се болни“ која во 1950 година ја напишал Драгиша Недановиќ од Крагуевац, кога дознал дека боледува од туберколоза. Многумина сметаат дека ова е најтажната песна било кога снимена, а своевремено ја забранил и лично Тито, бидејќи многу луѓе заболени од туберколоза извршиле самоубиство откако ја чуле.
Песната прв ја снимил Заим Имановиќ, а се зборува дека сугестивно влијаела на луѓето, поради што Централниот комитет по инструкција на Тито решил оваа нумера да се забрани. И така било се додека десет години подоцна на една прослава не ја нарачала Јованка Броз и тогаш за Титовата сопруга, ја отпеала легендарната Нада Мамула.
Иако се излечил од туберколоза, Недановиќ во 1959 година го погодила нова мака и почнале неговите проблеми со срцето. Починал од инфаркт 1966 година, ретко кој се сеќава на него, а оставил богатство од дури 800 песни меѓу кои се наоѓаат и познатите:„На Морава воденица стара“, „Утринава роза ми процевта“ и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)