Прв пат по 37 години во најголемата пустина во светот, африканската Сахара падна снег, пренесоа голем број светски медиуми повикувајќи се на фотографии кои ги испратиле очевидци.
– Сите беа возбудени од снегот во пустината, тоа е многу редок настан, рекол за британски Индепендент фотографот аматер Карум Пуетата, кој ги направил снимите во алжирскиот град Ајин-Сефра во северниот дел од пустината Сахара. Според него „снегот лежел околу еден ден а потоа започнал да се топи“.
На фотографиите се гледа тенка покривка од снег како прекрива една песочна дина, создавајќи брановидна форма.
Како што истакнува весникот, градот Ајин-Сефар е познат и како „Порта на пустината“. Таму во летно време температурата на воздухот достигнува до 37 Целзиусови степени, додеа во зимите се променливи со пад на температурите и до нулата. Во средата дневната температура изнесувала 11 а ноќната плус 2 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.