Српскиот пејач Жељко Самарџиќ за медиумите открил дека последните неколку месеци бил на строга диета за да се ослободи од вишокот килограми.
Според Самарџиќ, трудот се исплател – пред четири месеци имал повеќе од 105 килограми, но до сега „симнал“ дури 25 килограми.
– Трипати на ден голтав вреќички во кои има суплементи за протеини масти и витамини. Престанав да ги јадам деликатесите во кои уживав, но не зажалив – изјави Самарџиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.