| четврток, 6 декември 2018 |

Челниците на Манчестер јунајтед подготвуваат 78 милиони евра за Антоан Гризман

antoan-grizman

Раководството на Манчестер Јунајтед започна преговори со Атлетико Мадрид за евентуален трансфер на Антоан Гризман, пренесуваат англиските медиуми.

Англиските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо ангажманот на Гризман го означил како приоритетна задача на клубот од „Олд Трафорд“, а раководството за таа цел спреми 78 милиони евра.Се верува дека Гризман во Мадрид ќе остане до крајот на актуелната сезона, но Јунајтед сака да го договори трансферот многу порано.

Французинот има договор со „јорганџиите“ до 2021 година, меѓутоа неговиот однос со клубот оваа сезона не е најдобар и наводно сака да премине во поамбициозна средина.

Неодамна и самиот Гризман најави дека сака да игра заедно со Погба и дека Премиер лигата најверојатно ќе биде негова следна дестинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top