Единаесетата тенисерка во светот Петра Квитова е прободена со нож во левата рака. Станува збор за разбојник кој влегол во нејзината куќа и се обидел да ја ограби.
Тоа се случило рано утрината во нејзината куќа лоцирана во чешкиот град Простејов. За среќа, по лекарската интервенција било утврдено дека повредата не е сериозна. Двојната победничка од Вимблдон во моментов се рехабилитира од старата повреда на стопалото поради која го откажа учеството на традиционалниот новогодишен турнир Хопман куп во Перт. Останува да се види дали и колку ќе ја одвои новата повреда од тениските терени во пресрет на првиот Грен слем во новата сезона Австралија опен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.