| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна фатаморгана во Сахара: По 37 години падна снег и веднаш го снема (ФОТО)

Последен пат снег паднал во Алжир во 1979 година, така што жителите во градот Аин Сефра вчера биле потполно збунети и воодушевени од глетката којашто ги затекнала.
Фотографиите од песочните дини напрашени со снег ги забележал и фотографот-аматер Карим Бучетата.

Тој го забележал магичниот момент кога снегот ги прекрил дините од црвен песок во една од најголемите пустини на светот.

– Ова е една навистина ретка прилика, сите се изненадени и збунети од снегот којшто ги дочекал буквално среде пустина. Снегот на дините се задржа само еден ден, а потоа и сосема очекувано, се стопи, изјавил Бучетата за Дејли меил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top