| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството го одби барањето на Заев, тој пак го избегна судењето за „Поткуп“

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција го одби барањето на одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да биде изземен обвинителот кој го води случајот „Поткуп“.

Иако Судот планираше да почне судењето, сепак рочиштето повторно се одложи по барање на Заев. Лидерот на СДСМ во 13 часот имал закажано средба со италијанскиот амбасадор во Македонија.

Судењето е презакажано за на 23 јануари идната година.

Одбраната на Заев побара изземање на обвинителот кој го води овој случај, а лидерот го обвини дека ја злоупотребил службената положба за политички цели. И по осум месеци СЈО го чува предметот во фиока. Со тоа се потврдува дека Специјалното обвинителство е дел од стратегијата на Заев како да ја избегне кривичната одговорност за поткупот од 200.000 евра што му го побара на струмички бизнисмен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top