Германскиот министер за правда, Хајко Мас ги повика Јавното обвинителство и судовите да поведат истрага против лажните информации што се распространуваат на социјалните мрежи, јави ДПА.
Во земјата веќе некое време се води дебата за последиците кои дезинформациите и спиновите би можеле да ги произведат за време на парламентарните избори догодина. Кон крајот на минатата седмица шефот на парламентарната група на владејачката германска партија, Христијанскодемократска унија (ЦДУ), Фолкер Каудер изјави дека Владата во почетокот на идната година ќе изготви закон според којшто социјалните медиуми ќе треба да отворат локални канцеларии за жалби за неточни информации и клевети.
Во меѓувреме, невладината организација „Репортери без граници” го објави својот годишен извештај, според кој во 2016, 57 новинари биле убиени при исполнување на своите должности и задачи, меѓу другото, повикувајќи го скоро избраниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, да назначи специјален претставнитк за заштита на новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.