Во Музејот на град Скопје во вторник, 20 декември, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од 23-та Интернационална кичевска ликовна колонија.
На 23-та Интернационална кичевска ликовна колонија учествуваа 23 учесници од 13 држави Македонија, Израел, С.Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан, Хрватска, Косово, и Турција.
Се изработија 65 нови дела во различна техники, акрил на платно,масло на платно, комбинирана техника како и 4 склуптури од метал и 1 скулптура од дрво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.