| четврток, 6 декември 2018 |

Сириската Ана Франк безбедно евакуирана од Алепо!

bana

Евакуацијата на бунтовниците и цивилите од источно Алепо продолжи. Најмалку 350 луѓе ги напуштиле бунтовничките засолништа од вчера и тргнале кон териториите што сѐ уште се под контрола на бунтовниците.

Меѓу нив е и 7-годишната Бана Алабед, која, со помош на својата мајка, стана позната на Твитер објавувајќи дневник за стравотиите во Алепо.

bana3

Информацијата ја потврди и шефот на сириско-американското Медицинско здружение, а потоа и турската Фондација за хуманитарна помош (ХХ), која објави фотографија од малата Бана на Твитер.

bana2

ХХ јави и дека, покрај Бана, се евакуирани и повеќе од 40 сирачиња, но дека три мали деца, за жал, починале од последиците на студ и потхранетост додека чекале да бидат спасени.

Сирискиот новинар Хади Абдалах објави фотографија и снимка со Бана која, откако нејзините дом и град беа уништени, а нејзиниот живот долго време беше во неизвесност, сега конечно е на безбедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top