Евакуацијата на бунтовниците и цивилите од источно Алепо продолжи. Најмалку 350 луѓе ги напуштиле бунтовничките засолништа од вчера и тргнале кон териториите што сѐ уште се под контрола на бунтовниците.
Меѓу нив е и 7-годишната Бана Алабед, која, со помош на својата мајка, стана позната на Твитер објавувајќи дневник за стравотиите во Алепо.
Информацијата ја потврди и шефот на сириско-американското Медицинско здружение, а потоа и турската Фондација за хуманитарна помош (ХХ), која објави фотографија од малата Бана на Твитер.
ХХ јави и дека, покрај Бана, се евакуирани и повеќе од 40 сирачиња, но дека три мали деца, за жал, починале од последиците на студ и потхранетост додека чекале да бидат спасени.
Сирискиот новинар Хади Абдалах објави фотографија и снимка со Бана која, откако нејзините дом и град беа уништени, а нејзиниот живот долго време беше во неизвесност, сега конечно е на безбедно.
So happy to see @AlabedBana and @HadiAlabdallah together and safe! pic.twitter.com/xNqXZqLn88
— Idrees Ahmad (@im_PULSE) December 19, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)