Првиот напаѓач и стрелец на екипата на Челси, Диего Коста стигна до својот јубилеен 50. гол во дресот на „сините“ од Лондон. Бразилецот со шпански пасош го постигна единствениот погодок на гостувањето на „Селхарст парк“ против Кристал Палас и го надмина големиот Дидие Дрогба.
Коста стигна до бројката од 50 гола по одиграни 97 натпревари за Челзи, што е за 15 натпревари помалку од Дргоба, кому му требаа 112. Со овој гол шпанскиот напаѓач се осамостои на врвот на листата на стрелци во Премиер лигата со 13 постигнати гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.