Рафаел Надал соопшти дека поранешниот најдобар светски тенисер, Карлос Моја е вклучен во неговиот тренерски тим.
Моја на почетокот од декември ја прекина соработката со Милош Раониќ, па во наредниот период ќе соработува со Тони Надал и Франциско Роиго.
– Ќе се обидам да му помогнам на Рафа, ова е нешто посебно за мене и сигурен сум дека заедно со Тони и Француско ќе успееме во овој проект – вели Моја.
Рафаел Надал, пак, истакна дека Моја е многу важна личност во неговиот живот…
– Да се има некој како што е Карлос, кој не е само мој пријател туку и важна личност во мојата кариера, е навистина нешто посебно. Ќе биде со мене и на тренинзите и на турнирите – вели Надал кој годината ја заврши на деветтата позиција на АТП листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.