| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Ако ВМРО излезе на улица состојбите може да излезат од контрола (Видео)

Кампањата на Зоран Заев беше како да возите кола со два волани. Едниот вози лево- пред Албанците и вика ќе ви дадам двојазичност кантонизација и така натака, и другиот волан кој вози кај Македонците и вика- не каква двојазичност, каква федерализација. Не дај боже да дојде во ситуација тој да одлучува, ќе треба или едниот или другиот волан да вози. Секако кој волан и да вози ќе значи палење на државата, посочи Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во Вестите на ТВ Сител.

-ВМРО не е само партија, ВМРО е организација која има и длабока идеологија. Не би сакал да го видам ВМРО на улица, заради тоа што мислам дека тоа нема да е добро. Состојбите тогаш може да излезат надвор од контрола, а за да не се случи тоа треба да водат сметка сите оние кои сега во овие неколку дена се обидуваат да го направат тој постизборен инженеринг и да ја смената волјата на граѓаните- додава Димовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top