Најбогатиот човек во Кина, Ванг Џианин(62), мора да најде наследник за неговата империја откако неговиот син го извести дека не го сака неговото наследство.
Основачот и претседател на „Далијан Ванда Група“ вели дека неговиот единствен син, 28-годишниот Ванг Сиконг, не сака да ги преземе трговските центри, хотели, забавни паркови и спортски клубови, пренесува „Блумберг“.
-Го прашав мојот син и тој рече дека не сака да живее живот како мене – рече Ванг, додавајќи дека најверојатно управувањето на групацијата „Ванда“ ќе ја препушти на професионални менаџери.
Неговиот син има два отсто од акциите на групацијата „Ванда“. Освен тоа што е интернет-ѕвезда во Кина, активно вложува во интернетски компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.