За секоја осуда, невиден срам е ова што го приредува ДИК по завршувањето на изборите во неделата во 19 часот. Безобразието кулминира денеска. Седницата на која требаше да се разгледуваат неоснованите приговори на Беса и СДСМ се претвори во понижувачки циркус, јавен линч на претседателите и на членовите на избирачките одбори.
Пребројувањето на гласовите, мистериозното исчезнување на Чичаковски и пробивањето на рокот за објавување на мандатите, присиството на американскиот амбасадор во ДИК во понеделникот, доцнењето на денешната седница и изживувањето врз лицата ангажирани на изборниот ден, но и изживувањето врз 455.000 гласачи кои доброволно го дале својот глас за подобра Македонија е единствената црна дамка врз изборниот процес.
Изборите завршија, а гласот на Фатиме или кој и да било еден глас нема да ги промени мандатите. Срамно и жално е што држвна институција кој постои заради регуларно спроведување на изборниот процес, самата го минира тој процес и наместо да ги брани интересите на гласачите, грубо го прекршува нивното уставно право за слободно изразување на волјата и спроведува партиска агенда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот