| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК врши јавен линч врз претседателите и членовите на избирачките одбори

dik-gostivar-1

За секоја осуда, невиден срам е ова што го приредува ДИК по завршувањето на изборите во неделата во 19 часот. Безобразието кулминира денеска. Седницата на која требаше да се разгледуваат неоснованите приговори на Беса и СДСМ се претвори во понижувачки циркус, јавен линч на претседателите и на членовите на избирачките одбори.

Пребројувањето на гласовите, мистериозното исчезнување на Чичаковски и пробивањето на рокот за објавување на мандатите, присиството на американскиот амбасадор во ДИК во понеделникот, доцнењето на денешната седница и изживувањето врз лицата ангажирани на изборниот ден, но и изживувањето врз 455.000 гласачи кои доброволно го дале својот глас за подобра Македонија е единствената црна дамка врз изборниот процес.

Изборите завршија, а гласот на Фатиме или кој и да било еден глас нема да ги промени мандатите. Срамно и жално е што држвна институција кој постои заради регуларно спроведување на изборниот процес, самата го минира тој процес и наместо да ги брани интересите на гласачите, грубо го прекршува нивното уставно право за слободно изразување на волјата и спроведува партиска агенда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top