Претседателот на СДСМ Зоран Заев, претставникот на правното лице од СДСМ Дамјан Манчевски и адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ, денеска не се појавија на четврото рочиште закажано во кумановскиот суд по однос на приватната тужба на Виктор Цветковски, за неовластено снимање и објавување снимки.
На рочиштето во кумановскиот суд се појави третообвинетиот Мартин Костовски, кој информираше дека Зоран Заев, претставникот на СДСМ Манчевски и адвокатот на одбраната Вујиќ не можат да присуствуваат на рочиштето поради обврски во Државната изборна комисија.
Ова оправдување не е точно, со оглед на тоа дека Заев не присуствуваше на седницата на ДИК, која со доцнење од половина час започна во 11.30. Се до паузата дадена пред речиси еден час Заев не се појави на седницата на ДИК, ниту пак некој го очекуваше.
Наместо тоа, тој беше во Битола, од каде што порача дека ќе ги почитува одлуките на ДИК и на Управниот суд.
ДИК денеска ги разгледува приговорите на Беса и СДСМ. До овој момент отфрли 7 проговори на Беса, а за осмиот ќе прави увид во избирачкиот материјал. По паузата ќе ги разгледува приговорите од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.