| четврток, 6 декември 2018 |

Дефинитивно и Словенците без неколку првотимци, Вујовиќ го објави списокот

Handball - Olympics: Day 12

Урош Зорман, дефинитивно, нема да настапи за Словенија на претстојното Светско првенство што ќе се одржи следниот месец во Франција. Одличниот плејмејкер на Кјелце се најде на поширокиот список на селекторот Вујовиќ, но по разговорите меѓу нив двајца било решено Зорман да добие заслужен одмор од националниот тим.

– Ова не е негово збогување од репрезентацијата. Факт е дека СП се игра во пеколен ритам, а Зорман немаше соодветен одмор минатото лето поради настапите за Кјелце, но и за Словениија на предолимпискиот турнир и на самите Олимписки игри. Затоа решивме дека најдобро ќе биде ако Зорман го пропушти ова Светско првенство – изјави Веселин Вујовиќ, кој сепак го вклучи ракометарот на Кјелце во списокот за подготовки за овој шампионат.

slovenija-spisok

Дополнителен проблем за Вујовиќ претставува повредата на вториот среден бек во репрезентацијата, Деан Бомбач, кој го мачи повреда на ребрата и ќе мора да отсуствува уште извесно време од терените.

– Повредата е таква што не се знае кога точно Бомбач би можел да се врати. Тој сигурно нема да ја мине првата фаза на подготовки со нас, а потоа ќе утврдиме дали ќе може да игра на СП – изјави Вујовиќ.

Само за потсетување, Словенија е еден од ривалите на Македонија во групата Б од овој ракометен мундијал, заедно со селекциите на Шпанија, Исланд, Тунис и на Ангола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top