Репрезентацијата на Франција ја комплетира четворката што ќе се бори за медалите на ЕП за ракометарки во Шведска. Во полуфиналето на ЕП, Франција ќе игра против Норвешка. Во другиот полуфинален дуел за место во финалето ќе се борат Данска и Холандија.
Во последниот натпревар од главната фаза, Франција ја победи Србија со 28-21 и го обезбеди второто место во групата 2 со осум бода, еден повеќе од Германија која падна на 3.место и остана без полуфинале. Аиглон со шест гола беше најефикасна во францускиот состав, а на спротивната страна во селекцијата на Србија по пет гола постигнаа Стоиљковиќи Поп-Лазиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.