| четврток, 6 декември 2018 |

Харисон Форд го истепал Рајан Гослинг

Во интервју за магазинот „Џи-Кју“ Рајан Гослинг открива дека во текот на снимањео на филмот „Блејд Ранер 2049“, кој ќе почне да се прикажува во кината во година, Харисон Форд му удрил вистинска тупаница. Сепак, нагласува дека до тоа дошло случајно, а она што е незаборавно е реакцијата на Форд.
-Снимавме сцена со тепачка и се случи. Смешно е како реагираше Форд. Кога ми донесоа мраз за да ја ублажам болката, тој притрча, ми го зема мразот и ја стави својата тупаница во него.
Сепак, стариот лисец не му останал должен за извинување на помладиот колега.
-Подоцна ми пријде со шише виски и си помислив: „Добро е, знаев дека че биде вака…“. Извади чаша од џебот, ми ја наполни и со замина со шишето. Сепак, не мисли дека ударот бил за цело шише, со смеење раскажува тепаниот Гослинг.
Тој додава: „Знаете, велат човек треба да си ги запознае хероите… одвен ако херојот не му е Харисон Форд, зашто тој е еден кул кучкин син“.

Премиерата на „Блејд Ранер 2049“ е закажана за октомври 2017.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top