Приговорите кои денеска ги поднесе СДСМ до ДИК се однесуваат на избирачки места во Тетово и Теарце, каде нема никакви забелешки во записниците од страна на Избирачките одбори, дознава КУРИР од зибори во ДИК.
Доколку се потврдат ваквите информации до кои дојде Курир, веќе нема дилема дека единствената цел на Заев и СДСМ е оспорување на волјата на мнозинството на македонскиот народ и победата која на фер и демократски избори ја доби ВМРО- ДПМНЕ
Повеќе од јасно е дека на ваков начин СДСМ се обидува да ја пролонгира кризата и да ја жртвува иднината на Република Македонија само за да го заштити Зоран Заев во обид да ја заштити сопствената фотелја.
Заев повторно се обидува да избега од зборот кој го даде, дека ќе замине од функцијата доколку деструктивната политика на СДСМ биде казнета на изборите и партијата изгуби, што фактички и се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.