Најдобриот српски тенисер откако ја прекина соработката со Борис Бекер, одлучил кој ќе биде на чело на неговиот стручен штаб следната сезона. Според сознанијата на Ало.рс кои го добиле од извори блиски до Ѓоковиќ, неговиот долгогодишен тренер Марјан Вајда ќе биде негов главен тренер во 2017 година.
Тој пред околу една недела му ја откажа соработката на Бекер, а на негово место ќе дојде словачкиот стручњак. Освен Вајда во таборот на Ѓоковиќ останува и тренерот Пепе Имаз кој е задолжен за прсихичката подготвеност на Новак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.