| четврток, 6 декември 2018 |

Чичаковски и СДСМ ќе носат лична и историска одговорност ако ситуацијата ескалира

cicakovski-sdsm

Откако не успеа планот А да се фалсификува пораз на ВМРО-ДПМНЕ преку пребројување, Чичаковски му купи време на Заев и албанските партнери да детектираат во кои избирачки места треба да поднесат приговори за да се направи пазар и при прегласување да се одземе 1 или 2 мандати на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и на маса да се украде победата на волјата на 456 000 граѓани на Македонија кои масовно застанаа во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Македонија.

Aко Чичаковски ја изврши задачата од Заев и партнерите и ситуацијата ескалира тој заедно со неговите сопартијци од СДСМ ќе сносат лична историска одговорност. Претседателот на ДИК, вчера ненадејно ја напушти Државната комисија и од 12 часот на пладне го снема, буквално како да „пропадна во земја“ и беше отсутен до околу 20 часот.

На 26 часа откако беа затворени гласачките кутии, ДИК конечно ги соопшти изборните резултати. Сепак, останува нејасно, каде беше и што правеше Чичаковски во период од 8 часа?

Купуваше ли време за СДСМ?

Дали Чичаковски ја договараше и заедно со членови на СДСМ ја планираше стратегијата која се спроведува сега?

cicakovski-sredba-nikolovski-jpg1_

За потсетување, на почетокот на септември, Чичаковски беше забележан на средба со Љупчо Николовски, тогашен дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top