Откако не успеа планот А да се фалсификува пораз на ВМРО-ДПМНЕ преку пребројување, Чичаковски му купи време на Заев и албанските партнери да детектираат во кои избирачки места треба да поднесат приговори за да се направи пазар и при прегласување да се одземе 1 или 2 мандати на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и на маса да се украде победата на волјата на 456 000 граѓани на Македонија кои масовно застанаа во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Македонија.
Aко Чичаковски ја изврши задачата од Заев и партнерите и ситуацијата ескалира тој заедно со неговите сопартијци од СДСМ ќе сносат лична историска одговорност. Претседателот на ДИК, вчера ненадејно ја напушти Државната комисија и од 12 часот на пладне го снема, буквално како да „пропадна во земја“ и беше отсутен до околу 20 часот.
На 26 часа откако беа затворени гласачките кутии, ДИК конечно ги соопшти изборните резултати. Сепак, останува нејасно, каде беше и што правеше Чичаковски во период од 8 часа?
Купуваше ли време за СДСМ?
Дали Чичаковски ја договараше и заедно со членови на СДСМ ја планираше стратегијата која се спроведува сега?
За потсетување, на почетокот на септември, Чичаковски беше забележан на средба со Љупчо Николовски, тогашен дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.