ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголем број мандати, Никола Груевски го има мандатот. Покажавме дека оваа држава самостојно одлучува и дека граѓаните се врховен арбитер. Го повикуваме Заев и СДСМ, ако имаат минимум доблест, да се јават и да честитаат. ВМРО-ДПМНЕ има околу 20.000 гласови разлика и имаме јасна победа. Не очекуваме дека Заев ќе се обврзе на тоа дека ако има 1 глас помалку, ќе преземе политика одговорност, како што изјави самиот. Одлуката е негова и на членството на СДСМ, изјави на прес-конференција носителот на ИЕ 6, Владимир Ѓорчев.
Во меѓувреме, додека се чека одговор од Заев, народот се собира пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и ја прославува десеттата победа за подобра Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Премира во Драмски на „Прослава“ (Фестен), првата догме – претстава кај нас
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата