| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ има направено опасен дил со Албанците, преку 70.000 Албанци гласале за СДСМ

 

zaev-albansko-zname-2

На предвремените парламентарни избори во Македонија за СДСМ гласале преку 70.000 Албанци, покажуваат обработените податоци на ДИК.  Ова пак, од друга страна би значело дека за опозицијата гласале нешто повеќе од 360.000 македонски граѓани, или 90.000 помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за огромен број албански гласови кои завршиле на контото на СДСМ, што во мандати би можел да се престави со некаде околу 7-8 пратеници. Тоа значи дека албанските партии, пред се ДУИ, остана покуса за исто толку пратеници, со што ДУИ доколку ги задржеше, би ја достигнала бројката на пратеници од последните избори во 2014 година.

Си оглед на силната поддршка од Албанците за СДСМ кои во текот на вчерашниот ден дури доаѓаа организирано со автобуси и автомобили и од Косово, не е тешко да се заклучи дека наскоро Заев ќе треба да им испорача резултат од опасниот договор, за да ги задоволи нивните очекувања.

Во текот на кампањата Заев отворено зборуваше за воведување целосна двојазичност во Македонија, за промена на уставот, за редефинирање на земјата, а претставници од албанската дијаспора пак, потврдија дека со него разговарале за федерализација и кантонизација на Македонија.  Заев од Берн исто така го слушавме како ветува нов рамковен договор, повеќе права за Албанците и во исто време како лицитира со националните интереси во замена за гласови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top