| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи наследничката на Есма, пораката ќе ве трогне

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова утре во алејата на великаните ќе биде испратена во вечниот дом. Таа позади себе остави богат музички репертоар кој ќе се пее со децении. Есма низ светот е позната по својата хуманост. Кралицата на ромската музика никогаш не роди свои деца, но затоа посвои 47 сина и една ќерка. Елеонора ќерката на Есма со тага и болка ја прими веста за смртта на пејачката, таа се огласи на социјалните мрежи.

-Твоите песни ќе ги чувам како очите, напиша Елонора.

Денеска во Градското собрание е отворена Книга на жалост за Есма каде ќе биде одржана и комеморација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top