| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери воодушевен од Варди: Му честитав и му реков „добредојде назад“

ranieri-i-vardi

Синоќа, во еден спектакуларен натпревар фудбалерите не Лестер Сити извојуваа убедлива победа над фаворизираниот тим на Манчестер Сити од 4-2, а главниот „виновник“ за оваа победа на шампионот беше голгетерот, Џејми Варди, кој имаше свој ден, постигнувајќи три гола. Менаџерот на „лисиците“ видно задоволен по мечот изјави дека синоќа го видовме вистинскиот Лестер, оној ланскиот.

– Конечно, денес одигравме натпревар како што требаше. Моравме да дадеме максимум на терен пред сè поради фановите кои не бодреа во Португалија, каде одигравме многу лошо. Сепак да бидам искрен, најмногу ни помогна тоа што постигнавме два брзи гола. Премногу сум среќен и поради Варди на кого по завршувањето на мечот му реков „добредојде назад“ – изјави италијанскиот менаџер.

Сепак и по оваа голема победа Лестер Сити се наоѓа во долниот дел од табелата во Премиер лигата, и по 15 одиграни кола се наоѓа на 14. позиција со само 16 освоени бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top