| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кавадарци до 17 часот излезноста 70,09 отсто, во Росоман 75 проценти

glasanje

Во Кавадарци до 17 часот гласале 70,09 отсто од гласачите, а во Росоман 75 проценти, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ. Според нив, гласањето почна навреме. Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места и засега изборите течат без проблеми, со исклучок на 30­минутниот прекин на едно избирачко место. Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во оваа општина се запишани 32.431 гласач. И во Росоман навреме беа отворени десет избирачки места и засега гласањето е без проблеми. Регистрирани се 3.393 избирачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top